Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 мај 2018
Футсал екипата на КМФ Велес победи во 25-тото коло од Првата лига, дома во салата Гемиџии со 7:5 против скопски Железарец кој е четврти на табелата. Со оваа победа велешани се и натаму лидери на табелата, на две кола до крајот. Во следното коло ги очекува искушение во Кратово, против истоимената екипа откако во првиот дел од првенството таму одиграа нерешено. Колку е тежок противник домаќинот зборува и тоа што му нанесоа неочекуван пораз на шампионот Шкупи исто така во Кратово. Но сепак се ќе се решава во последното коло во Велес кога ќе игра со екипата на Шкупи, кој заостанува еден бод зад велешани.
Ракометарите на ГРК Борец во Скопје загубија од екипата на Вардар Јуниор со 23:18 (13:10).Освен во првите 15-тина мунити кгоа велешани имале водство од 4:5 остатокот од натпреварот бил во знакот на домаќините кои воделеза да на крајот слават со највисоки пет гола предност. По 4 гола кај Борец постигнале Стојановски, Лазаревски и Николов. Кај домаќинот Стефан Трпчевски имал 8 гола. По ова 12-то коло ГРК Борец со 15 бода е трети од пет екипи а во следното коло игра во Прилеп против истоимената екипа, во важен натпревар за избегнување на последното место, каде сега е домаќинот со 13 бода. Тоа место носи бараж за опстанок во Супер лигата а се игра со второпласираниот од Првата лига.
Неочекувано фудбалерките на ЖФК Борец загубија дома на Градски со 1:2 од екипата на Тетово која имаше досега пет победи и беше деветта. По ова 18-то коло ЖФК Борец останува на третото место со 34 бода а во следното игра повторно дома со екипата на Топ Гол која е седма со 20 бода.
Во дербито на Втората лига Исток во Штип ФК Борец загуби од ФК Брегалница со минимални 1:0 со што домаќинот сега е втор на табелата, место кое носи во баражот. Во натпревар на второ и трето пласираните екипи, велешани со бод предност се борае да останат непоразени за да ја сочуваат позицијата. Но уште во 10-тата минута спреод пишувањата на медимитe по груб старт на Кристијан Николовски, бил икслучен и Борец 80 минути играл со играч помалку. Единствениот гол бил постигнат во 38 минута од Илиев.
По ова 23-то коло Брегалница се качи на вторто место со 2 бода предност а до крајот остануваат утше две кола. Велешани ќе треба да очекуваат во последното во Струмица новиот прволигаш Беласица да ја победи Брегалница, откако в сабота на Градски во Велес Борец ќе ја победи Беласица и да бидат сепак втори на крајот. И секако да победат во Македонска Каменица во последното коло против Саса.
Tweet |