Петар Печков
Објавено: вторник, 14 февруари 2017
Нова убедлива победа за футсал фудбалерите на КМФ Велес. Тие дома, во салата Гемиџии со 10:5 го совладаа тимот на Јувентус Серава.
Уште една убедлива победа и прокнижени нови три бода за задржување на врвот на табелата . Стрелци на головите за КМФ Велес: Левески х 5, Тодоровски х 2 и Глигоров, Ранготов и Арсовски по еден.
По 14 кола Велес и натаму е лидер со 40 бодови. Во следното коло велешани гостуваат на екипата на Илирет во Куманово која е претпоследна на табелата со 7 бодови.
Tweet |