Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 декември 2016
КМФ Велес со нова победа го заврши годинашниот дел од Првата футсал лига. Со 7:1 велешани , во салата Гемиџии ја победија екипата на Хедис со 7:1. Стрелци на головите, во натпревар со познат победник, беа Игор Леовски, Таулант Исмаили, Дарко Ранготов (2 гола), Ферид Агуши, Иван Крстевски, Драган Петровиќ. По 11 кола Велс паузата ќе ја пречека како прв со 31 бод, три повеќе од екипата на Шкупи, кој па има натпревар помалку. Првенството продолжува на 212 јануари , кога Велес гостува на Железарец во Скопје.
Последниот натпревар во годинава го имаа и одбојкарите на Борец . Тие на гостувањето во Пробиштип, загубија со 3:1 од истоимената екипа, која го дели врвот со Струмица. По сетови тоа беше изедначен натпревар (-21, 28, -21, 19) во кој нијанси решавале за победникот. По ова седмо коло ГОК Борец е четврти со 11 бодови, зад Вардар кој има 12 и Лешок со 10 бода.
Tweet |