Петар Печков
Објавено: среда, 18 април 2018
Со победа од 4:3 футсал екипата на Гемиџии се пласираше во финалето на Купот на Македонија. Вчера вечер во салата Гемиџии во интересен и возбудлив натпревар, велешкиот второлигаш ја совлада екипата на Црна Река од Кавадарци исто така член на овој ранг натпревари.
Гостите поведоа со 0:1, велешани израмнија преку Адиловиќ, за потоа да поведат со голот на Нанев. Гостите израмнуваат на 2:2 а потоа со двата гола на Жарко Спасовски имаа предност од 4:2 кое кавадарчани го намалија на 4:3. Во последната секунда имаа удар за израмнување и продолжетоци, но не беа прецизни. Тоа беше знак за радост на домашните фудбалери и навивачите во салата.
Финалето се игра во месец мај во Гостивар а противник на КМФ Гемиџии е екипата на прволигашот Јувентус Серава од Скопје. Лански освојвувач на Купот е велешкиот прволигаш КМФ Велес.
Викендот се одиграа натпреварите од 20-тото коло на Третата лига Центар, велешките екипи забележаа една победа и два порази. Победа дома забележа екипата на ФК Бабуна од 5:1 против Младост од Кривогаштани, кој имаше само пет победи. Со ова победа мартолчани се трети со 40 бода. ФК Превалец неочекувано дома загуби од осмопласираната ФК Марена со 1:3 и е шестта со 36 бода. Илинден ја продолжува црната серија и загуби во Росоман од истоимената екипа со 0:2 а домаќините се четврти на табелата.
Во следното 21 коло играат претпоследниот Габер со Превалец, во Крушево петтиот Питу Гули ја пречекува ФК Бабуна, а во Башино село Илинден е домаќин на второпласираниот тима на табелата - Вардар од Неготино.
Tweet |