речник контакт

Футсал екипата на Велес е првак на Македонија (фото)

Со нерешениот резултат 3:3 против конкурентот КМФ Шкупи, велешани стигнаа до првата титула во футсал шамионатот

Петар Печков

Големо славје за футсал екипата на Велес, откако вчеравечр, во салата Гемиџии стигна до првата титула првак на Македонија.  Одигрувајќи нерешено 3:3 со директнитот конкурент, екипата на КМФ Шкупи од Скопје, лански првак, велешани стигнаа до пехарот.  Во возбудлив натпревар, со пресврти, на моменти и тензичен, фудбалерите на КМФ Велес одиграа  до посакуваниот резултат кој им ја донесе титулата.

Поведоа гостите, за да велешани преку  Лазар Пеев израмнат.  Мартин Тодоровски ги доведе во водство  со 2:1, за гостите КМФ Шкупи  постигнат два гола и поведат. Израмнувачкиот гол го постигна Дарко Ранготов во 31 минута.  Последните пет минути гостите ги играа без голман, со играч повеќе во поле.  Со сирената од семафорот за крај,  големо славје за домаќините и публиката во салата по што им  беше врачен и победничкиот пехар.  

Чувството е прекрасно, задоволство е што целата сезона ја крунисавме со титула. Машки се боревме а  еве последната утакмица решаваше. Ме радува што третиот гол го даде велешанецот Ранготов. Горд сум што титулата ја освоивме пред толку гледачи. Му посакувам и на ФК Борец да избори пласман во Прва лига, гледачите тоа го заслужуваат - рече тренерот Марјан Стефановски

Беше напорно, до  последен мометн се одлучуваше шамионот. Ни одговараше и нерешено. Годинава  реално без седум осум играчи од ланската екипа, ослабени но собравме сили, тие што останавме да освоиме титула. Ова е успех со помал фонд играчи да се стигне до титулата - рече капитенот Зоран Левевски. Така во втората година од постоењето КМФ Велес стигна до титлуата и наесен ќе игра во Лигата на шамионите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »