Петар Печков
Објавено: петок, 13 март 2026
Екипата на КМФ Кеги моби се пласираше во полуфиналето од Куп натпреварите на Македонија, откако синоќа во Скопје ја совлада домашната КМФ Бутел со 6:8 (2:4). Домаќините повеле со 1:0, па велешани прават пресврт и поведуваат 1:2, домашните израмнуваат на 2:2 за првите 20 минути да завршат со водство на футсал екипата на КМФ Кеги моби со 2:4.
Почетокот на вторите 20 минути силовит со два гола велешани зголемуваат на 2:6, а ова водство домаќинот го анулира 6:6. Во финишот со два гола КМФ Кеги моби стигнува до победата и влез во ½.
За одбележување е што Петар Лефков за екипата на КМФ Кеги Моби постигнал шест од осумтте гола.
Таму се екипите на ФК Проект., КМФ Јувентус Серава и КМФ Клими. Жребот ќе биде дополнително извршен.
Овие две екипи КМФ Бутел и КМФ Кеги моби во понеделник играат натпревар од 12 коло на,Првата футсал лига. И таа средба ср игра во Скопје
| Tweet |




