Петар Печков
Објавено: среда, 04 мај 2022
Со победата од 13:5, над екипата над КМФ Кардш`лк од Штип, КМФ Кеги моби се врати во Првата футсал лига. Тие го освоија второто место зад лидерот КМФ Форца од Куманово.
„Експресно после испаѓањето од Првата Лига ги консолидиравме своите редови со неколку појачувања и оваа сезона во Втората Македонска Футсал Лига ја помина експресно и се врати таму каде што му е местото. Изигравме 20 натпревари каде забележавме 16 победи, 1 нерешена и 3 порази, постигнавме 133 погодоци, а примивме 50 голови со гол разлика од +83 завршивме како второ пласирана екипа во Лигата“- соопштија од клубот.
Фудбалерите на ФК Борец загубија во Скопје од РК Работнички со 2:1 и официјално од следата сезона се враќаат во Втората лига.Домаќинот двата гола ги постигна во судското продолжение од првото и второто полувреме а голот за велешани го постигна Ѓорѓевиќ во 75-тата минута. Следното претпоследно коло ФК Борец му гостува на ФК Пелистер во Битола, кој е последно пласиран, има 11 бодови а ФК Борец има 21.
Кошаркарите на КК Борец басект се елиминирана во разигрувањето за влез во Прва лига. Дома во салата „Гемиџии“ загубија од КК Шкупи од Скопје со 69:84. Со резултат подобар од три натпревари 1:2 за КК Шкупи, скопјани одат натаму за пласман во Прва лига.
Ракометарите на ГРК Борец загубија во Скопје од екипата на РК Македонија ЃП, која е трето пласирана со 33:31 (20:18). Во вториот дел од второто полувреме велешани повеле со 23:24 и воделе се до финишот со 29:31, кога домаќините имале серија од 4:0 з а пресврт и победа. По ова 13 коло ГРК Борец е 4-ти од девет екипи, со 19 бода. Во следното коло викендот игра дома со лидерот РК Астраион Хендбол од Струмица.
Tweet |