Петар Печков
Објавено: сабота, 10 декември 2022
Футсал екипата на КМФ Кеги моби се спасуваше од пораз во Струга од последно пласираниот тим на табелата КМФ Енхалон. Велешани во 12 коло одиграа реми 5:5 , а домашните водеа со 2:0, па 5:2 а фудбалерите на КФМ Кеги моби успеаја д а израмнат и спасат бод. По ова коло тие се 4-ти со 15 бода. Во следното коло играат дома со КМФ Арбен Бајрами кој е на дела на првото место со по 27 бодови со екипата на КМФ Проект.
Во последното есенско коло од Втората фудбалска лига, екипата на ФК Борец играше во Охрид против трето пласираниот тим на табелата ФК Воска спорт и загуби со 6:0 (4:0). Со ова заврши една катастрофална полусезона во 15 одиграни натпревари велешани не освои ниту бод и е последен.
Ако се земе во предвид дека последната победа ФК Боец ја имаше во 30 коло од Првата лига на 1 мај на Градски, против ФК Скопје а одигра и еден куп натпревар во 1/16 финалето, тоа е серија од 19 натпревари без победа или реми. Дилемата е дали некој друг клуб во висок ранг во Македонија имал таков поразителен сразмер.
Tweet |