речник контакт

Футсал интернационалецот Леовски, останува во Славија Прага

Ова е втора сезона како велешанецот ќе игра за овој прашки футсал клуб

Петар Печков

Велешанецот Игор Леовски ( 26 год) го продолжи договорот  со чешка Славија од Прага.  Македонскиот футсал репрезентативец уште една година ќе настапува во чешкото првенство, откако изминатата сезона го со Славија  го освои 4-тото место. 

Леовски во сеозоната 2016/17 играше за екипата на Дубровник од Хрватска, со која го освои шестото место. Претходно има  настапувано за екипите на Црна река, Железарец и КМФ Велес а во 2016-та беше прогласен за спортист на Велес и најдобар футсал играч во Македонија. 

Со трансферите на футсал играчите, се дозна дека неколкумина од носителите на велешкиот прволигаш  КМФ Велес го напуштија клубот. Според информациите од управата, од наредната сезона клубот ќе настапува со млади играчи, освен 3-4 поискусни. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »