Петар Печков
Објавено: среда, 25 ноември 2020
Општина Велес добила донација во висина од 30 илјади евра. Таа е во материјални добра, произведени од компанијата Тондах Македонија - керамидии други сродни производи. Обезбедена е во соработка со Хабитат Македонија.
Глинените ќерамиди како природни покривни производи, можат во градежништвото да се вбројат во покривните материјали кои имаат најдолг животен век, во споредба со останатите покривни материјали.
Со оваа донација ќе покриеме повеќе кровови на локални институции. Прв објект што ќе биде покриен е тој на училиштето во Башино село - кажа градоначалникот Аце Коцевски.
Тој изрази благодарност до донаторите, што се одлучиле на вакво гест, со кој бенефит ќе имаат граѓаните на Општина Велес.
Tweet |