Петар Печков
Објавено: среда, 07 септември 2022
Хабитат Македонија распиша повик за заинтересирани семејства да се пријават за вклучување во Програмата за нoвоградби во Велес.
Оваа покана се однесува на избор на 12 семејства.
Програмата има на располагање 12 нови станови со површина од 45,70 до 68 м2 во нов, целосно изграден објект во населбата Хабитат во Велес.
Рокот за доставување на документите е најдоцна до 16 септември 2022 година до 15:00 часот.
Документите се доставуваат лично во канцеларијата на Хабитат Македонија во Велес или по пошта во канцеларијата на Хабитат Македонија во Скопје. Во предвид ќе бидат земени само документите кои се доставени во посочениот рок.
Заинтересираните семејства може да извршат увид на становите со претходна телефонска најава. Контакт телефон:
- Канцеларија Велес 075 868138
- Канцеларија Скопје 02 3061890.
Здружението за хумано домување Хабитат Македонија е организација чија основна цел е елиминирање на супстандардното домување во Македонија преку обезбедување едноставни, пристојни и достапни домови за семејства со ниски приходи.
Активностите на Хабитат Македонија вклучуваат изградба, финансирање, застапување, јакнење на капацитетите на целната група и развој на заедниците.
Потребните информации и документи за пријавување може да се најдат тука
Tweet |