речник контакт

Хабитат Македонија со волонтеризам гради станови, енергетско ефикасни за семејства со ниски приходи (фото)

Изградени во населбата Тунел, се пет од 11 планирани згради, моментално се гради шестата

Петар Печков

Зборуваа за волонтеризмот па потоа ги земаа градежните алатки в рака и вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерката за култура Ирена Стефкоска помагаа во изградбата на зградата на Хабитат Македонија. Таа се гради во Велес и е наменета за лица со ниски примања. 

Американската граѓанска организација Хабитат  работи низ светот, гради и обновува домови, зголемувајќи ја употребата на одржливи природни ресурси, истовремено намалувајќи ги емисиите на стакленички гасови.

„Волонтери од цел свет доаѓаа тука во Велес во изградба на овие пет завршени згради. Тие земаа одмор, си плаќаа престој, храна, за да учествуваат во изградбата за домови на дел од велешани. Некои од нив тука и се венчаа.  За нас Хабитат е многу важна и енергетската ефикасност. Освен заштитата на животна средина, тоа влијае и на домашниот буџет, со помала потрошувачка на електрична енергија. Работиме и во услови на поскапи енергенси, вклучувајќи ја и струјата, нашите станари да бидат отпорни на тие нови трошоци, со помала потрошувачка. Затоа и ги вградуваме овие термо-изолациони панели“ - кажа Зоран Костов, национален директор на Хабитат Македонија.

На настанот беше и вториот човек, потпретседателот на Хабитат за Европа, Африка и Среден Исток, Рик Хатавеј.

„Во Велесво 2008-та наидовме на интерес и иницијатива  од локалните власти и пред се од локалните граѓани и граѓанските здруженија спремни да помогнат. Затоа тука започнавме со изградба на домови за лица со ниски приходи. Тоа е  еден од 13-та проекти кои Хабитат Македонија ги работи во земјата“ -рече Хатавеј.  

Сите станови од петте досега изградени згради се веќе продадени, во тек е изградба на шестата со 12 стана а останува простор за уште пет, кои ќе е градат согласно интересот.  Освен овие згради, Хабитат Македонија и нејзини партнери пролетва помогнаа со донација на керамиди,за обезбедување на покрив на две основни училишта во велешко, во Башино село и  во Црквино.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »