Петар Печков
Објавено: вторник, 25 април 2023
Халит Фератов е новиот директор нa Државниот просветен инспекторат. Тој е поставен на оваа позиција од пред извесно време по влегувањето на партијата на Алијансата за Албанците во Владата.
Фератов беше член на Советот на Општина Чашка. Роден е во Горно Јаболчиште, има 35 години возраст.
Дипломирал на Универзитет на Југоисточна Европа од Тетово- Јавна администрација каде и магистрирал. Има работено во Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор од 2012 до 2021 година.
Tweet |