речник контакт

Хамлет оживеа во Стоби

Хамлет со Дејан лжЛилиќ на Драмски до Скопје, пред 1500 гледачи беше бурно поздравен со аплаузи од преполното гледалиште во Стоби

Петар Печков

Шекспировиот Хамлет  на Драмски театар од Скопје преполн со симболи, мудрости, филозофија а ги има сите вештини  што еден актер сака да ги покаже страст, емоции, топлина,  љубов, омраза,  беше одлично пречекан од преполното гледалиште во античкиот локалитет Стоби.  Режисерот  Пројковски задоволен од приемот од публиката и го поздрави изборот оваа претстава  да се најде на фестивал на античка драма.

Сметам дека фестивалот со поканата за Хамлет е отворање кон еден нов репертоар кој ќе ја надополни програмата на Стоби,  бидејќи тој ќе започнеше да се врти во круг поради малиот број антички текстови. Шекспировиот Хамлет е правен по принципите на античката драма еден човек херојот напред, а хорот ликовите кои се околу него, се теза и антитеза, и затоа  ја поздравувам оваа одлука. Стоби прераснува во голем фестивал по Охридско лето и МОТ  и е од огромно значење за македонската културна јавност. Публиката потврди дека е подготвена за отворање кон еден поинаков репертоар – изјави режисерот на Хамлет, Дејан Пројковски.

Хамлет во изведба на Дејан Лилиќ беше поздравен со бурни овации од илјада и петстотини гледачи во амфитеатарот . Актерот уште не е со мислење дека Хамлет е неговиот врв во кариерата,   и смета дека за некоја година  можеби ќе  го најде тој  лик.
      Врвот на актерската игра е нечија игра е што тој актер длабоко во себе како човек ја носи и чувствува, како личност – изјави Лилиќ. Вечерва ( среда  ) Фестивалот требаше да продолжи со изведба на ,,Лагата на Тиресиј,, во изведба на Кралскиот Театар од Цетиње Црна Гора, но гостите откажале по реакцијата на фестивалот ,,Котор - арт,, и Мес во Сараево во чија  копродукција беше претставата. Фестивалот продолжува во недела, 25-ти јули со изведба на претставата „Антигона“ на „No name“ театарот од Прилеп.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »