Петар Печков
Објавено: петок, 26 мај 2017
Од 1-ви јуни, МЖ транспорт информира, дека се враќа во сообраќај редовната меѓународна линија возот ,,Хелас експрес,, на релацијата Белград- Скопје – Солун.
Тој од Велес за Солун ќе тргнува наутро во 05:25 од Солун за Велес во 18:30, по локално време. Додека за Белград од Велес ќе вози во 21:12 а од Белград тргнува во 18:35.
Поради реконструкција на пругата во Грција, одреден период возот ќе сообраќа до Гевгелија а од таму до Солун и обратно патниците ќе се возат со автобус.
Истоварено МЖ транспорт воведе дисконти специјални цени за некои од Балканските престолнини.
Така Скопје- Белград Србија во еден правец е13,80 ЕУР или 855,00 денари а повратен билет до Белград и назад чини 27,60 ЕУР или 1709,00 денари.
Скопје -Загреб Хрватска во еден правец билетот е 29 ЕУР или 1,796,00 денари а повратен билет кошта 59 ЕУР или 3,653, 00 денари.
Железничкиот билет до Љубљана - Словенија во еден правец е 37,50 ЕУР или 2,322,00 денари, додека повратен билет се наплатува 75 ЕУР или 4,643,00 денари.
До Ниш цената во еден правец 6,90 ЕУР или 428,00 денари а повратен билет кошта 13,70 ЕУР или 849,00 денари. За деца се обезбедува дополнителен попуст од 50 % од цената за возрасни.
Цената на овие билети е далеку пониска од автобуските за истите правци.
Tweet |