Петар Печков
Објавено: понеделник, 28 октомври 2013
Хеликоптерот кој во четвртокот слета на платото близу Општата Болница во Велес е летало од типот Bell 206 Jet Ranger, дознава ТРМР. Истиот е сопственост на Центарот за обука на пилоти и функционира како дел од Министерството за одбрана. Овој Центар произведува пилоти за хеликоптери.
Обуката на кадетите кои посетуваат настава се состои од три летачки фази, елементрна на авион Zlin 242 L, основна летачка фаза на хеликоптер Bell 206 и напредна летечка фаза на хеликоптер Bell 206. Составен дел од напредната фаза на летење се и летовите како тој што бил во четвртокот над Велес, кој предизвика внимание во јавноста.
Тогаш младите кадети идните воени пилоти, се обучуваат за слетување во урбани средини, ситуации на пребарување и спасување, медицински летови, елементарни непогоди и други ситуации за кој кадетите треба да бидат оспособени. Вакви летови се организираат освен во Скопје и во други градови, така што велешани и во иднина ќе бидат сведоци на слични активности, слетување на хеликоптери.
Во Центрот за обука на пилоти се ангажирани и двајца воени пилоти од нашиот град: Јован Шоповски инструктор за летање во авион Zlin 242 L и Роберт Митровски за летање на хеликоптер Bell 206.
Tweet |