Петар Печков
Објавено: четврток, 20 март 2014
Патрон празник на Посебно ОУ Маца Овчарова, кое обележа 41 година постоење, се состоеше преку неконвенционален начин, детски хепенинг под мотото ,,Се работи за можности,,.
Децата и нивните гости од сите основни училишта од градот, но и од Дневниот центар за деца со посебни потреби се црташе во боја на тема виножито. Директорката на училиштето побара да се почитуваат сите права и слободи на децата со посебни потреби и тие да ги имаат како и останатите.
Има многу напредок во живеењето, меѓутоа потребно е да има што повеќе пристапни рампи, што повеќе толкувачи на знаковен говорен јазик и специјализирани средства за овие дечиња. Една држава не се цени колку богатства има туку и колку прави има за лицата со посебни потреби – изјави Тања Љапова директорка на училиштето.
Таму учат и престојуваат 70 деца, не само од Велес туку и од Повардарјето. Тие заедно со останатите основци преку заедничка игра ,с се дружеа во Младинскиот парк, создаваат ликовни творби
Виножито е симбол дека сите сме посебни и значајни на свој начин. Секоја боја во палетата има свое значење, така и во различноста на сите нас се состои убавината – рече Љапова.
Tweet |