речник контакт

Херкул Поаро го бара убиецот во филмот „Убиството во Венеција“ работен по делото на Агата Кристи (видео)

Љубовната драма „После се“ пред публиката во 3Д киноверзум

Петар Печков

Две премиери ќе се прикажуваат наредните седум дена, до следната среда,  на репертоарот на 3Д киноверзум Велес.

Љубовната драма „После се“ ќе се прикаже четврток, недела понеделник и вторник.  Иако Теса и Хардин претходно се разделија, Хардин е решен да се поправи и да ја обнови нивната љубов. Кога патува во Лисабон за да ја види Теса, неговата поранешна љубовна врска  по име Натали повторно влегува во неговиот живот.

Екранизирана е книгата на Агата Кристи „Убиството во Венеција“ каде Херкул Поаро е тој што треба да ја реши смртната загатка. Во пост-воена Венеција, Поаро, сега веќе пензиониран и во егзил, присуствува на една сеанса против своја волја. Но кога еден од гостите е убиен, тогаш поранешниот детектив мора да го открие убиецот. Се прикажува четврток, петок, сабота, вторник и среда.  

Најгледаниот филм изминатиот викенд во светот беше хоророт „Калуѓерка 2“. Тој и оваа седмица сите седум дена ќе се прекажува во доцниот термин.  1956 - Франција. Свештеник е убиен. Злото се шири. Продолжение на светскиот хорор хит, Калуѓерка 2 ја следи сестра Ирена како се соочува со Валак, демонската калуѓерка.

Комедијата „Мојата дебела Грчка свадба 3дел“ може да се гледа петок и понеделник.   Фамилијата Портокалос патува во Грција,  се враќа на корените, во родното село на нејзиниот татко. Патување исполнето со љубов, топлина и непредвидени случки. Филмот е трет по гледаност во светските кино сали, изминатите викенд.

„Израмнувачот 3“ со Дензел Вашингтон ќе се прикаже среда. Главниот јунак се справува со мафијата на Сицилија. Филмот е на второ место по гледаност во светот изминатиот викенд. 

.Анимираниот филм „Миа и јас“  ќе се прикаже недела од 18ч. Миа открива дека нејзиниот магичен камен е дел од античко предвидување и тргнува на неверојатно патување кон најдалечните острови на Сентопија, за да се соочи со големото зло и да ја скрои својата судбина.

Сабота попладне ќе се прикаже цртаниот филм „Елементал“ дело на студиото на Волт Дизни.  Филмот ги следи Ембер и Вејд - необичен пар од градот каде сите елементи – оган , вода, воздух и копно  живеат заедно. Огнената млада девојка и лабавото момче ќе откријат колку многу тие имаат взаемно.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »