Петар Печков
Објавено: четврток, 13 јануари 2011
СВР Велес го товари деветнаесетгодишниот М.З. дека во текот на септември и октомври минатата година одзел десет автомобили а во истиот период и четири кражби. М.З. е осомничен дека од паркинг простор или од пред домовите на сопствениците одзел седум возила Даеву Тико, едно Застава 128, едно Застава 750 и едно Фолсваген голф. Одземените возила ги користел да се вози со нив, се додека има гориво, во некои од нив превезувал дрва за греење.
Со автомобилот Голф сторил и сообраќајка, откако изгубил контрола и удрил во бетонски столб на регионалниот пат Велес – Градско. Велешката полиција при истрагата утврдила дека М.З. во истиот период сторил и четири кражби. Во два наврат од одземените возила украл акумулатор и цд-плеер а во два други наврати од паркирани возила, кои со сила ги отворил украл исто така акумулатор и радио ЦД На осомничениот веќе му се изрекувани мерки засилен надзор од родител и од социјален роган, за строени кривични дела.
Tweet |