речник контакт

Холандски брачен пар донираше десет сензори за мерење на квалитетот на воздухот во Велес

Донација е вредна две илјади евра

Петар Печков

Советот на Општина Велес ја прифати  донацијата од Холандскиот брачен пар Александер и Ива Долстра , кои на Велес му донираа 10 сензори  за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух. Тие се во вредност од две илјади евра.


„Овие мерни инструменти ќе бидат поставени на десет локации во градот а жителите на Велес преку апликација ќе може да  следат да знаат какви се  вредности. Ние како локална власт  имаме поднесено барање за поставување на дополнително уште 2- 3 мерни инструменти за мерење на квалитетот на воздухот до Министерството за животна средина, оти постојниот  еден е премалку за Велес “- кажа Петре Цилаков раководител на сектор за животна средина во Општина Велес .

Мерните инструменти  ќе ги мерат вредности на   ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките и работат на струја и на ви-фи.    Донацијата е обезбедена преку советникот Даниел Јаневски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »