речник контакт

Холивудските ѕвезди и парите вложени во нив

Ако решите да снимате филм, а сакате притоа да си ја зголемите сметката, тогаш ќе ви треба ѕвезда што се исплатува. Сега, веројатно, се прашувате како да знаете кој тоа може да ве направи богати, еве мала помош.

lj lkjl

Сите ѕвезди имаат своја цена. Но еве колку се сигурни вложените парите во нив. ВРЕДНИ ЗА ВЛОЖУВАЊЕ Вил СМИТ - 25 милиони долари Некогашниот принц од Бел Ер се уште важи за најсигурен кога е во прашање вложувањето филмски пари. Тој е една од ретките ѕвезди чии филмови константно ги полнат киносалите. Дури и \"Хич\" што критичарите го исплукаа заработи 178 милиони долари само во Америка. Ако на ова се надодадат песничките со кои заработува уште по некое милионче, тогаш платата од 25 милиони и не е преголема. Риси ВИТЕРСПУН - 15 милиони долари Ако сакате да ги привлечете девојките, тогаш морате во филмот да ја имате Риси. Таа освен што покажа дека ја бидува за лесни комедии, сосема заслужено доби Оскар за филмот \"Одење по раб\". СОЛИДНА ИНВЕСТИЦИЈА Бен СТИЛЕР - 20 милиони долари Она што тој го направи во 2004 не му успеа на ниту еден од неговите колеги. Со низата од четири хита, што во просек заработија по 185 милиони ги фрли во сенка неуспесите како \"Најдобри непријатели\". Стилер е резервиран неколку години однапред што покажува колкава е довербата во неговото име. Џони ДИП - 17 милиони долари Успехот на \"Пиратите од Кариби\" го \"исфрли\" во првата лига, а \"Чарли и фабриката за чоколади\" покажа дека таму и ќе остане уште некое време. Засега не треба да се грижи, зашто продолжението на \"Пиратите од Кариби\" ќе му помогне да ја одржи цената уште некое време. ПРИСТОЈНО Мет ДЕЈМОН - 15 милиони долари Успеа да преживее неколку неуспеси по \"Добриот Вил Хантинг\" и да заврши како солиден избор. Додуша уште е сомнителен, затоа што знаат да му пропаднат независните бајки и комедиите, ама... Анџелина ЏОЛИ - 12 милиони долари Може да сними што било и тоа ќе има бесплатен публицитет и се поради врската со Бред Пит, тукушто родената ќеркичка и... што се однесува до работата, не можеше да мине подобро затоа што пред \"Господин и госпоѓа Смит\" имаше повеќе тетоважи отколку филмски успеси. НЕСИГУРЕН ИЗБОР Камерон ДИАЗ - 15 милиони долари Може да е мамка кога се работи за спектакли, но изгледа никој повеќе не е заинтересиран за нејзините останати филмови. Веќе нема понуди од 20 милиони долари, плата каква што наводно добила за \"Чарлиевите ангели\". ПРЕСКАПИ Харисон ФОРД - 15 милиони долари И покрај тоа што последните три филма му беа целосно промашување со \"Индијана Џонс\" и \"Војна на ѕвездите\" Форд стана еден од најисплатливите актери на сите времиња. Џенифер ЛОПЕЗ - 12 милиони долари Џејн Фонда ја спаси во \"За се е виновна свекрвата\", но изгледа веќе нема кој да го прави тоа. Затоа, очигледно, повеќе нема обожаватели со чии пари и влезници би се покриле трошоците за филмовите. Том КРУЗ - 100 милиони долари По низата филмски хитови згледа дека иднината на донеодамна најпрофитабилната ѕвезда е ставена под знак прашалник. Благодарение на медиумските испади Круз стана мета на потсмев. Тоа малку ја одби публиката, а, секако, тука се и неговите години. Летово ќе наполни 44.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »