Петар Печков
Објавено: четврток, 21 март 2024
Пет филма оваа седмица на репертоарот нa 3Д киноверзум во Велес, од нив еден е премиера.
Премеирата е на хоророт „Бегхед“ Млада жена наследува запуштен паб и открива мрачна тајна во неговиот подрум - Бегхед - суштество што ја менува формата што овозможува да разговарате со изгубените сакани, но не без последици.
Српскиот филм „Јорговани“ е првата премиеги полни кино салите. Катарина (Слобода Миќаловиќ) и Игор (Иван Босиљчиќ) се актери кои се заедно и на екранот и надвор од него. Заслепени од блесоците и оглушени од аплаузите, Катарина и Игор, иако неразделни, долго време ниту се слушнале, ниту се виделе, до доделувањето на наградите за најдобра серија на годината, каде ќе се собере целата екипа. Таму јасно се гледа и лицето и позадината на филмската и телевизиската индустрија во Србија ќе стане јасно дека нивните животи се поголема мелодрама од онаа што ја снимија.
Американската акција, трилер, „Земја на злото“ ио оваа седмица е на репертоарот ан 3Д кинвоерзуим. Кога тим на армиски ОДА ќе биде погоден од заседа, нивната единствена надеж лежи во пилот на ЈТАЦ (Лиам Хемсворт) и пилот на дрон (Расел Кроу) за да ги водат низ брутална 48-часовна битка за опстанок.
Хоророт „Замислен“ втора седмциа по ред е во врвот во светот според гледаноста. Жена се враќа во домот од детството, за да открие дека имагинарниот пријател што го оставила зад себе е многу реален и несреќен што го напуштила.
Најгледаниот филм во светот две седмици по ред е цртаниот Анимираниот Кунг фу панда, 4 дел. Откако По ќе биде избран да стане духовен водач на Долината на мирот, тој треба да најде и да тренира нов воин на змејот, додека злобната волшебничка планира повторно да ги повика сите господари негативци кои По ги победил во духовното царство.
Tweet |