речник контакт

Хоророт „Бугимен“ од денес на репертоарот на 3Д киноверзум (видео)

Премиера има и цртаниот филм „Човек пајак- ширум вселената“

Петар Печков

Четири филмови од денeс до среда се на репертоарот на 3Д киноверзум Велес. Два од нив се премиерни.

Секој ден овие седум ќе се прикажува хоророт „„Бугимен“, во вечерниот термин.  Психијатар, по име Лестер Билингс разговара со докторот за „убиствата“ на неговите три мали деца, опишувајќи ги настаните од изминатите неколку години. Неговите први две деца умреле мистериозно од очигледно неповрзани причини (дијагностицирани како смрт во креветчето и грчеви, кога останале сами во нивните спални соби. Единственото заедничко беше тоа што децата плачеле „Бугиман!“ пред да останат сами, а вратата од плакарот подотворена по откривањето на нивните трупови, иако Билингс е сигурен дека вратата била затворена.

Премиера има и цртаниот филм  „Човек пајак- ширум вселената“.Мајлс Моралес се катапултира низ Мултиверзумот, каде што наидува на тим Пајак-Луѓе задолжени да го заштитат неговото постоење. Хероите се судираат за тоа како да се справат со нова закана, Ќе се прикажува попладнево -четврток, сабота, недела и вторник во попладневниот термин.


На репертоарот е и најгледаниот филм во светот изминатиот викенд  американскиот „Малата Сирена“ работен според истоимената бајка на Ханс Кристијан Андерсен, продукција на студиото Волт Дизни. Тоа е музички филм во кој настапува и Хали Бери како Ариел. Се прикажува во петок,  недела и среда во попладневниот термин. Млада и убава сирена по име Ариел, склучува договор со злобна морска вештерка за да го размени својот преубав глас за човечки нозе, за да може да го открие копнениот свет и да го импресионира принцот во кој е заљубена.


Со две прикажувања сабота и понеделник публиката ќе може да го види американскиот акционен филм „Брзи и беснои 10“ кој е  во врвот на гледаност во светот изминатиот месец.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »