Петар Печков
Објавено: четврток, 29 октомври 2026
Четири филма се на репертоарот на Киноверзум Велес наредните седум дена, два се премиери.
Премиера за хоророт „Друга мама“, кој веќе се прикажува во светот и има одлична посетеност, Бела, осумгодишно девојче кое живее во семејство со брачни проблеми, се соочува со злокобен ентитет што излегува од нејзиниот плакар. Застрашувачкото присуство, кое таа го нарекува „Другата мама“, станува сè поголема закана за неа и за нејзиното семејство.
Премиера и за анимираниот „Заборавен осгтров“. Главните ликови во овој филм се две средношколски другарки, Џо и Раиса. Тие две се најдобри другарки уште од основно училиште, но сега тргнуваат по различни патеки во животот. Додека ја слават својата последна ноќ заедно, Џо и Раиса наидуваат на мистериозен портал кој ги транспортира до фантастичниот остров Накали, полн со магични и митски суштества за кои слушнале од нивните филипински семејства. Некои од овие суштества ќе станат нивни сојузници, некои нивни непријатели.
Се прикажува и хоророт “Глинено лице“, најгелдан филм во светот изминатиот викенд. Менувачко суштество направено од магична глина го прогонува Готам Сити, наизменично појавувајќи се како непријател и сојузник на Бетмен. Низ годините, повеќе трагични ликови ја носеле улогата на Клејфејс.
Месец дена на репертоарот на Кинвоерззум Велес е големио филмски хит триелтор „Верити“ работен според истоиемната книга на Колин Хувер. Ја раскажува приказната за популарната авторка Верити Крофорд (Ен Хатавеј) и писателката на почеток од својата кариера Лоуен Ешли (Дакота Џонсон), која се сели на зафрлениот имот на Крофорд, каде што треба да пишува во нејзино име. Откако Лоуен ги открива морничавите автобиографски белешки на Верити, таа се бори со вознемирувачките и изопачени признанија за мажот на Верити, Џереми (Џош Хартнет), и тешко ѝ е да ја оддели фикцијата од реалноста.
| Tweet |




