речник контакт

Хоророт „Истерувач на ѓаволот -верник“ премиерно во 3Д киноверзум (видео)

Нови филмови се биографски комедија „Луда пара“,британски трилер „Џерико Риџ“ и македонскиот филм „М“

Петар Печков

Дури четири филмски премиери на репертоарот на 3Д Киноверзум во Велес наредните седум дена.  

Хоророт „Истерувач на Ѓаволот:Верник“ продолжение на филмот од 1973 година, шестиот дел од франшизата „Егзорцист“ за едно 12 годишно девојче опседнато од мистериозен дух, присилувајќи ја мајка ѝ да побара помош од двајца  свештеника да ѝ помогнат.

Биографски комедија- драма филм „Луда пара“ е заснован на неверојатна вистинска приказна за секојдневни луѓе кои ја искористуваат слабоста на берзата во тој момент и ја претвораат обичната гејмерска продавница од локалниот трговски во светска сензација. Се заснова на книгата „Асоцијалната мрежа“ од 2021 година на Бен Мезрич

Британски трилер филм  „Џерико Риџ“ за полицајка од мал град, која е заглавена и се бори за нејзиниот живот кога нејзината шерифска станица е цел на убијци.

Македонскиот филм „М“   со премиера  во 3Д киноверзиум. Малиот Марко живее во зафрлена шума, под будното око на таинствениот и претерано заштитнички настроен татко. Не знае ништо подалеку од нивниот изолиран живот. Марко бара утеха во својата скапоцена сликовница, наоѓајќи спокој и одговори меѓу нејзините страници. Еден ден, средбата со едно љубезно, беспомошно момче по име Мико, внесува малку топлина и поврзаност во изолираниот свет на Марко. Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција и станува збор за дистописка бајка во која главен лик е 8 годишниот Марок, кој во суровиот свет обземен од таен вирус е во потрага по својата мајка. Сценариото е на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески- Кикич, а костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек. Маскер е Горан Игњатовски. Режијата е на Вардан Тозија. Ќе се прикаже петок, сабота и вторник.  Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Тони Михајловски, Камка Тоциновска и Бојана Грегориќ-Вејзовиќ.

Хорор трилерот „Сложувалка на стравот Х“ ќе се прикаже вторник во вечерниот термин. Во потрага по процедура која ќе го излечи неговиот рак, Џон Крејмер се упатува кон Мексико за да се подложи на експерименталната терапија, за да открие дека бил жртва на измама. Но сега измамниците стануваат плен во неговата нова игра на живот и смрт.

СФ „Творецот“.  Пост-апокалиптичен трилер за иднината под влијание на војна меѓу луѓето и вештачката интелигенција. Филм за борбата на луѓето и вештачката интелигенција, е на репертоарот понеделник попладне.

Анимираниот филм „Патролни шепи: моќен филм“може да се гледа  сабота и недела попладне.   Канадски компјутерски анимиран суперхеројски филм од 2023 година заснован на телевизиската серија PAW Patrol.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »