Петар Печков
Објавено: среда, 10 јули 2019
Детскиот хор на Повардарската епархија „Св. Кирил и Методиј” од Велес под раководство на проф. Веселинка Маџарова, го освои второто место во категорија на детски хорови, на меѓународниот фестивал на хорска музика во Чанаккале, Република Турција.
Оваа година на фестивалот, кој годинава се одржа од 2-ри до 7-ми јули, по петти пат, учество земаа 44 хорови, претставници од единаесет држави.
Честитки за младите велешки амбасадорки на културата.
Tweet |