речник контакт

Хорот Св. Кирил и Методиј победи за детски хорови на меѓународниот фестивал во Паралија Грција

Уште едно меѓународно признание за хорот под диригентство на Веселинка Маџарова

Петар Печков

Детскиот хор Св. Кирил и Методиј под диригентство на Веселинка Маџарова победи на меѓународниот хорски фестивал во Паралија Грција. Тие освоија прво место во детските хорови, а според бодувањето се втори на листата на сите хорови кои настапија во сите конкуренции, за признанието Гран при.

Хорот настапи со четири композиции а диригентката Маџарова од жирито добила пофалби за изборот на композициите.  Фестивалот  е именуван „Музика и море“.  Во 2015 година на овој хорски фестивал во паралија Св. Кирил и Методиј го освои третото место. 

Уште едно признание за децата хористи и диригентката кои ја негуваат хорската музика, реткост во македонски прилики.

Настапот на хорот во Паралија е овозможен со финансиска поддршка на Општина Велес.

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »