Петар Печков
Објавено: петок, 09 јуни 2023
Велешкиот хор СВ. Кирил и Методиј на меѓународниот младински хорски фестивал во Шпанија, во Тореавреха. Андалузија, го освои третото место.
Ова е голем успех за младите девојки од хорот, кои постои десетина години. Освоената награда е значајна бидејќи на Фестивалот се учествува по извршена селекција.
„За да се биде учесник, апликантот треба да испрати снимка со хорска изведба. Годинава стигнале 30 пријави а жирито се одлучило за пет. Настапивме со една задолжителна од организаторот, две хабанери и една по наш избор. Јас се одлучив за македонски автор. Третото место е уште еден доказ за нашата посветеност но и трудот кој го вложуваме заедно девојките и јас“ - вели Веселинка Маџарова, диригент на хорот, по вокација дипломирана опрска певица.
Годинава меѓународниот младински избор на хабанера се одржа по 28 пат. Од пред неколку месеци хорот не е во рамките на црквата туку е регистриран како здружение на граѓани.
Tweet |