Петар Печков
Објавено: среда, 13 јули 2022
Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ имаше два значајни настапи изминатите денови. Учествуваше на првиот ,,Струмица класика интернационален фестивал’’, на кој најголем дел од програмата беше посветена на камерната класична музика. Земаа учество и на четвртиот Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ кој се одржа во катедралната црква „Св. Софија“.
„Престиж и голем чин е да се настапи и пее во црквата Св. Софија, таму не може секој да настапи. За нас тоа беше голем момент“ - кажа диригентот на хорот Веселинка Маџарова.
За настапот во Струмица изворно коментарот на мецосопранот М-р Елисавета Бончева
„Овој неповторлив концерт се одржа во црквата „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“. Ангелските гласови на младите хористки звучеа божествено, а од музички аспект пееја чисто интонативно, со точна динамика и сите придружни елементи потребни за хорско пеење. Акустиката во црквата придонесе за тоа овој концерт да биде вистински празник за нас публиката што ја имавме таа чест и задоволство да ги слушаме и гледаме во живо, а долгите аплаузи на публиката изнудија бис!“
Настапот на младите велешки хористи може да го проследите на ова видео почнувајќи од 23 минута. Исполнуваат три традиционални, стари македонски народни песни.
Tweet |