речник контакт

Хотел Вила Зора, еден ко ниеден

Хотел без ресторан, без келнери и само по некој заскитан гостин во безмалку руинираните простории на „Вила Зора“ препуштен на времето, заборавен.

Петар Печков

Хотел без ресторан, без келнери и само по некој заскитан гостин во безмалку руинираните простории на „Вила Зора“ препуштен на времето, заборавен. Таква е состојбата на единстениот сместувачки капацитет во градот, хотелот „Вила Зора“ кој има стотина легла а во неколкуте сали место за петстотини гости. Но во него нема ниту келнери, ниту кувари, само рецепционери и по некој заскитан гостин. Откако посетителот ќе се увери во условите за сместување и тие малкумината си одат. Наскоро состојбата не може да се промени, бидејќи АД Киро Ќучук кој стопанисува со него се наоѓа во лоша финансиска состојба, но има можност уште долго да го користи нема кој да го раскине договорот.

- Хотелот е руиниран, се распаѓа. Гостите кои доаѓаат да преноќат се бројат напрсти. Тие не можат да добијат ручек, пијалок, само спиење во лоши дотраени кревети, нечисти прозорци и завеси. Ова е жално и срамота што се случува со објектот – вели Сазде Кицевски претседател на  општинското Здружение на Борците од Велес со чии средства и тие од Фондот на ПИОМ објектот бил изграден во 1985-та година. Затоа тие  бараат спас за Хотелот кој 6/10 бил сопственост на здружението а 4/10 на Фондот. Во 1993-та година Здружението нивниот дел го изнајмува на АД Киро Ќучук за кирија. Така било до пред седум години кога друштвото западна во финансиска криза па договорот не се почитува. Првичната намена за сместување на стари и изнемоштени лица по неколку години пропадна по што малиот број на корисници си заминале. Сега и гостите се вистинска реткост.

- Иако во Хотелот има повеќе деловни субјекти, лекарски ординации, трговски претставништва, аптеки, кои редовно си ги подмируваат обврските кон Киро Ќучук, тој не ја плаќа киријата кон нас. Но не сме во можност да го раскинеме договорот бидејќи со Делбениот биланс во 1999-та година, Владата објектот и го даде на Општината, па сега се обидуваме во судска постапка да го вратиме назад – вели Кицевски. Тие ја обжалиле оваа одлука на Владата, која Управниот суд во 2007-та им ја прифатил и  ги поништил одлуките, но Катастарот не постапил по насоките на Управен Суд. По ова Здружението повторно се жалело до второстепената Владина комисија од каде веќе една година чекаат одговорот. И додека трае расчистувањето на имотно - правните односи, борците бараат спас за Хотелот, бидејќи бил нивно чедо.

\"\"

Сметаат дека не е логично во град со 45 илјади жители да нема сместувачки капацитет. Ја докажуваат сопственоста за да можат на други веќе заинтересирани странки им го дадат на користење а Велес да добие пристоен Хотел. Од АД Киро Ќучук нема одговор зошто е таква  состојбата во „Вила Зора“. Во градот нема друг хотел, Интернационал иако неколку години е купен сеуште не проработил а во близина на градот, има три мотели, два на езерото Младост и еден кај Башино Село.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »