Петар Печков
Објавено: петок, 18 декември 2015
Хотелот Интернационал, напуштен и руиниран е грда слика во центарот на Велес. Пет години е дом и скривница за бездомни лица или зависници. Сопственикот неколку пати започнуваше одредени дејности околу објектот, но тие беа само козметика. Се однесе металот кое се продаде како старо железо. Се отстрани и дрвенаријата и столаријата, кое зврши во отпад.
Пролетва се најави дека наскоро ќе започне негова реконструкција. Но ништо од најавите. Велешани како за малку нешта, единствени, мора нешто да се преземе за празниот Хотел да не биде лоша слика за минувачите но и за гостите во градот. Трпението на локалната власт при крај. Градоначалникот најавува и најрадикално решение ако наскоро не се започне обнова.
Или Хотелот ќе се обнови или ќе се руши. Имаме таква законска можност и ќе ја искорситиме. Не можеме да дозволиме со години да биде грда слика на центарот. Градот во овој дел доби нов лик, се изгради а овој објект го нарушува изгледот. На сопственикот одамна му ја дадовме бараната дозвола за реконструкција, но тој никако да започне. Се што побара, согласно законот му дадовме. Ја почитуваме сопственоста, но имаме обврска кон безбедноста на минувачите оти ако нешто се случи, последиците ќе бидат врз нас. Поради руинираноста имаме можност да дадеме наредба за рушење – изјави градоначалникот Славчо Чадиев.
Тој додаде дека не можат да започнат со планираната реконструкција на тротоарот од улицата 8-ми Септември, каде е објектот, бидејќи стравуваат дека ќе се оштети од возилата кои ќе работат на обнова на Хотелот. Во обид да се слушне ставот на сопственикот, кога го слушна прашањето и ставот на градоначалникот Чадиев дека ,,или ќе се гради објектот, или ќе руши ,, Мите Јованов сопственик на бензинските пумпи Макоил, рече дека нема да зборува.
Тој го купи Хотелот во 2008-та за 860 илјади евра, откако од 2005-тата објектот е со катанец. Јованов на овој начин стана сопственик на простор во центарот на Велес од 3,5 илјади метри квадранти. Хотелот имаше 80 соби со 150 легла, ресторан, диско сала, и кафе бар- слаткарница.
Tweet |