Петар Печков
Објавено: вторник, 23 јуни 2020
Денес од Хотел Монтенегро Ривиера заминаа дома 14 лица, повратници од странство, македонски државјани. Дел од нив - 27 пристигнале во неделата на 21-ви јуни , други 22 вчера во понеделникот 22 јуни. На дел од нив, 31 во текот на вчерашниот ден им е земен брис и како резултатите пристигнуваат, доколку се негативни, така повратниците заминуваат дома.
Вчера е испишана една жена, која не ја почитувала домашната изолација, кога полициски службеници дошле во контрола. Остануваат уште три лица кои се во државен карантин а исто така не го почитувале решението за изолација. Тие ќе бидат тука се до истекот на задолжителните 14 дена - изјави д-р. Страхил Тодоров портпарол на Здравствен дом Велес.
Тој заедно со докторката Кевица Клифова од оваа институција како лекари и колегите од Општа Болница Велес Влатко Лукаров и Ангелина Ивановска, се за здравствена поддршка на лицата кои се повратници од странство и се во задолжителен карантин.
Моментално во хотелот Монтенегро има 43 лица, 17 од нив треба да заминат оти веќе имаа дадено брис и ги чекаат резултатите а остатокот, заминува петок на 26-ти јуни, кога престанува да важи задолжителниот карантин по враќање од странство или прикажување на тест при враќањето дома, во Македонија.
Tweet |