Петар Печков
Објавено: четврток, 14 мај 2020
Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција информираше дека хотелот Монтенегро, крај Велес, е повторно во функција како државен карантин.
Таму престојуваат 80 македонски државјани кои деновиве се вратиле од странство. Тие доаѓале во неколку групи. Меѓу нив има и велешани кои се вратија дома по работа во трети земји, меѓу нив и поединци кои работеле на брод во Средна Америка.
И портпаролот на Општа Болница Велес и на Здравствен дом Велес, споделија идентична информација, дека лицата кои се вратиле веднаш биле здравствено прегледани и немаат никакви симптоми на ковид-19. И за нивното здравје се грижат доктори од овие две здравствени институции.
Во државен карантин се наоѓаат седумина велешани во повеќе објекти низ земјава.
Tweet |