Петар Печков
Објавено: четврток, 16 февруари 2012
Хеликоптерите на АРМ доставија храна до зaвеаните велешки села, но селаните реагираат на помошта. Истата или е недоволна или била уништена.
Дојде пред некој ден хелокоптер, слета близу селото и по некео време замина. Не знаевме што е и како, а со сосетката го видовме и кога вчера отидовме до таму и ги видовме вреќите со брашно. Но истите беа од влагата уништени. Нас никој не ни каже дека тие нешто носат и не отидовме да бараме. Затоа нека кажат дека оставиле храна. Искрено немам ни лекови. Доставиле дијазепам. Па ако заспијам незнам дали ќе се разбудам од студов - вели 67 годишанта Нада Мајсторова. Таа заедно со утше десетина старци се жители на селото Ветерско, кое три седмици е отсечено од светот.
Во селото С`лп пак храната била премалку за триесетината жители. Имало и расправии како да се подели.
Хеликоптерот остави 30 кг брашно и нешто сол. Но ние сме многу во селото и имаше кавги кога ја делевме. Затоа ако може нека се достави уште извесно количество. Имаме неколку старци кои имат сериозни здравствени проблеми и затоа апелираме за помош- вели Ванчо Спасов жител на С`лп. Мажите од селото се обидуваат секој ден да го пробијат патот до железничатка станица Рајко Жинзифов, но високите намети кои достигнувале до два мртри ги враќале во селото.
Според Центарот за управување со кризи завеани во снег се повеќе патни правци во оддалечените села.Во општина Велес непроодени се патните правци кон селата: Ветерско, Слп, Белештевица, Карабуниште, Џидимирци, Рудник, Лугунци, Рлевци и Круша.
Во општина Чашка патните правци се проодни за теренски возила со зимска опрема, а целосно непрооден е патот од с.Фојница до с.Крајници.
Во општина Градско патните правци се проодни со теренски возила и зимска опрема, а целосно непрооден е патот од с.Грнчиште до с.Скачинци.
Tweet |