Петар Печков
Објавено: недела, 04 април 2010
Испраќајќи го нашиот Архипастирски благослов, Ви посакувам мир, слога, со добра волја и меѓусебно разбирање да ги прославите Велигденските празници.
Мирот Божји и Неговата безрезервна љубов нека ви бидат утеха и поткрепа во вашите семејства. Овој празник, Воскресението Христово, е вистинска можност да се сплотиме како македонски народ и си простиме еден на друг, братски со љубов да си подадеме рака, да воспоставиме нов почеток на нашите животи. Да му благодариме на Бога за добрините што ни ги направил, да го благословиме Неговото име, за Него да ги отвориме нашите срца. Да се облечеме во Неговиот живот и во Неговата личност и да речеме со сето наше битие
Христос воскресна
Навистина воскресна
Tweet |