речник контакт

Хуманитарен ручек за Велигден за социјално ранливите категории сограѓани

Беа поделени илјада топли оброци како и илјада вапсани велигденски јајца. Беа донирани 130 оброци за сите дежурни, вработени во велешка Болница

Петар Печков

За втор ден Велигден, беа подделни  илјада порции бесплатен ручек за велешани од социјално ранливите категории. Тоа се случи денес на напладне во центарот на градот а го овозможи Гостилница Боем заедно со неколку донатори, кои помогнаа на овој голем христијански празник  ранливите категории граѓани да не се чувствуваат заборавени. 

Освен Гостилница Боем во обезбедувањето на овој хуманитарен топол оброк  помогнаа Евангелската црква, Повардарска Епархија, Панче Ќумбев, Пане Ордев - Пан промет. Во настанот бе вклучени и волонтерите на ОО на Црен крст Велес.  

Беа поделени и илјада вапсани велигденски јајца.  Денес беа  донирани и околу 130 оброци за  сите дежурни а вработени во Велешката болница.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »