Петар Печков
Објавено: недела, 19 декември 2021
Заврши првата од трите хуманитарни акции за социјално ранливите категории од Велес. Гостилница Боем за Св. Никола подели 500 оброци ручек. Се делеше на пладне а големиот интерес покажува дека во градот има семејства и лица на кои им е потребен. Иста ваква акција ќе се изведе уште во два наврати, на 31-ви декември, пред Нова година и на Бадник 6-ти јануари.
Од Гостилница Боем, која се наоѓа карши ВЕМОЛ, информираат дека се обезбедија скоро 1600 оброка за овие три празници. Овие оброци се подготвени благодарејќи на Пепи Димовски -велешанец кој живее во Германија, Панче Ќумбев, Пане Ордев и Рената и Весна Димови, како и самата Гостилница Боем.
Граѓаните на Велес можат и натаму да донираат, а секоја следна донација ќе се проследи во народната кујна , каде оброците се подготвуваат на дневна база за скоро 20тина штитеници.
Хуманитарните оброци беа поделени со помош на волонтерите од Општинскиот Црвен крст Велес. Ова е четврта година по ред како се дели овој хуманитарен оброк од страна на Гостилницата Боем.
Tweet |