Петар Печков
Објавено: среда, 21 март 2012
В четврток вечер во 18,30 часот, претставата ,,Бегалка,, работена по текст на Васил Иљоски, или позната како Ленче Кумановче ќе биде изведена во салата ,,Бели Мугри,,. Во неа ќе настапат ученците од Средното училиште Димитрија Чуповски, поранешно Хемиско. Цената на билетот е 30 денари а собраните средства се наменети за две лциа со посебни потреби еден нивен поранешен и еден сегашен ученик.
Мало потсетување за тексто за Бегалка. Дејството во пиесата ја прикажува љубовта на убавата Ленче која била таксана за Досе, син на богат трговец. Но, таа била вљубена во младиот занаетчија Бошко. Тој бил убав и не и пречело што е сиромав. Бидејќи нејзиниот татко, Аџи-Трајко, се спротивставувал на нејзината желба, таа одлучила како бегалка да живее со Бошко. Таткото бил скршен, немоќен и чувствувал голем срам и бес затоа што бил погазен неговиот збор и токму поради тоа се плашел да прости. Во тоа време била голема срамота мома да се мажи на своја рака. Сепак, прочуениот чорбаџија Аџи-Трајко, за ја одбрани честта на ќерка му и да го спаси семејството, по многу негодувања, на крајот морал да ја прифати љубовта на Ленче кон Бошко.
Tweet |