Петар Печков
Објавено: петок, 06 декември 2013
ООУ Блаже Конески беше домаќин и организатор на хуманитарна манифестација по повод 3-ти декември меѓународен ден на лицата со посебни потреби.
Оваа хуманитарна акција е традиционална, прифатена со голем интерес од граѓаните . Поливалентниот простор во училиштето беше претесен за да ги собере сите гости и заинтересирани .
Свој придонес во акцијата дадоа родителите ,наставниците и пекарите од Велес. Оваа година поддршката ја добија и од здруженијата на жени на Албанци и Бошнаци со нивната традиционална кујна на солени и слатки производи.
.
Собраните средства ќе се донираат на лицата заболени од церебрална парализа и Стојанче Димовски кој замина на лекување во Кина .
Tweet |