Петар Печков
Објавено: петок, 16 декември 2022
Организација на жени во соработка со Вешта Жена од Тетово ја одржа манифестацијата Етно вешта жена. Истата бешпе регионална и учествуваа вештите жени од Велес ,Кавадарци и Неготино.
Манифестацијата имаше хуманитарен карактер и средствата собрани од продажбата на благите и солените производи ќе бидат наменети за хуманитарна цел за новогодишните и божиќните празници, кога Организацијата на жени ќе израдува некои наши сограѓани, кои дополнително ќе бидат одредени како целна група.
Од продажбата на подготвените домашни производи жените од Велес собраа 4,8 илјади денари, жените од Кавадарци 5,2 илјади и жените од Неготино 3,6 илјади денари.
На манифестацијата учествуваа и ученички од ОУ Панко Брашнаров, кои декорира дел од подготвените блага, кои ги разменија со ученичките од ОУ во Неготино.
Tweet |