Петар Печков
Објавено: сабота, 30 декември 2017
Ротари клубот од Велес ја одржа првата Ногогодишно Божикна донаторска вечер. Собрани биле околу 6 илјади евра во пари и 2 илјади евра во предмети.
Вечерта беше исклучително успешна, ги надмина нашите очекувања. Првичната одлука беше собраните средства да бидат наменети за купување специјално возило за превоз на лица со посебни потреби, но бидејќи има такво, размислуваме да ги намениме за друга потреба на лицата со посебни потреби на возраст над 18 години - рече Аце Коцевски претседател на Ротари клубот во Велес.
На оваа вечер присуствувале и членовите на Лајонс клубот од Велс, кои исто така активно учествувале во лицитацијата. На неа биле понудени уметнички д ела, скулптури слики, кои уметниците ги донирале за оваа вечер.
Tweet |