Петар Печков
Објавено: вторник, 08 април 2014
По повод 7-ми април, Светскиот ден на здравјето, Друштвото на родители за грижа за здраво поколение организираше продажба на домашни специјалитети, со хуманитарен карактер.
Во дворот на ПОУ Маца Овчарова повеќе организации на жени, политички партии, училишта, ресторани, нудеа дома подготвена храна. Собраните средства се за девојче, шесто одделенка од училиштето кои и требаат за оперативен зафат во болницата Филип Втори. Ова деветта ваква манифестација.
Нашите собрани средства се за млада сограѓанка. Тие се скромни и нема да бидат доволно за да девојчето замине на операција, но испраќаме порака и други да се вклучат на нивен начин за да и овозможиме да оздраве – изјави Иванка Андова претседателка на Друштвото ан родители за здраво поколение. Трката под наслов ,,Да трчаме здраво е,, ќе се одржи во месец мај.
Tweet |