речник контакт

Хуманитарна трка за гладните (фото)

Има лица и семејства кои секојдневно не можат да обезбедат топол оброк - 16-ти октомври Меѓународниот ден за борба против гладот

Петар Печков

Во саботата во Градски парк, се одржа хуманитарна трка, со која се одбележа 16-ти октомври Меѓународниот ден за борба против гладот. Под мотото „Помислете и на нас“ го организираше  Општинската организација на Црвен крст. Се трчаа пет километри а учествуваа 25  лица. Тие испратија порака и ја подигнаа свеста дека во градот има лица и семејства кои секојдневно не можат да обезбедат топол оброк.

„Настанот имаше и хуманитарен карактер. Присутните посетители во градскиот парк и учесници во трката донираа средства кои ќе се искористат за набавка на пакети со храна и топли оброци“ - кажа Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес.

Освен хуманитарната трка во Неделата за борба против гладот од 16 – 22 октомври, волонтерите од ОО ан Црвен крст Велес, ќе се постават и хуманитарни штандови на улиците во градот, а ќе се реализираат и контакти со велешки компании за донирање на средства кои ќе се искористат за оваа намена.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »