Петар Печков
Објавено: понеделник, 09 јануари 2023
Жители на рурални средини, од повозрасната категорија пред Божик добија хуманитарни пакети со храна. Тоа се лица кои живеат во социјален ризик . Тие добија пакети со прехранбени производи Истите се донација од НЛБ Банка.
„Хуманитарната помош се додели во Градско, Уланци, Долно Чичево, Виничани, Чашка, село Чашка, Дреново и во уште неколку населени места. Вкупно се поделија 50 прехранбени пакети“ - информираше Орце Николов од ОО на Црвен крст Велес.
Хуманитарната помош ја поделија волонтери на Црвен крст од Градско и Чашка.
Tweet |