Петар Печков
Објавено: понеделник, 22 октомври 2018
Организаторот на годинашната манифестација Фестивал на питата и виното ја соопшти собраната сума на средства, која беше хуманитарна и наменска. 75.210 денари се собрани од повеќето штандови како доанции од посетители, различни активности, продажба на друг велешки тестен специјалитет ѓозлемето, настани кои се одвиваа изминатите три дена.
Во оваа сума е и донацијата од градоначалникот Аце Коцевски во висина од 50 илјади денари. Овие средства се за 14 годишниот Кристијан Андреев од Велес, кој според докторите боледува до тежок облик на аутизам и епилепсија.
За операција во Турција потребни се 38 илјади евра, средства кои семејството не може да ги обезбеди. Отворена е жиро сметка 210-7000006478-05 Тутунска банка за лекување на Кристијан Андреев. Или со повик на телефоните 070/143-161 и 077/143 -463 се донираат 100 денари.
Tweet |