речник контакт

Хуманитарно поделени илјада и петстотини оброци за Св. Никола (фото и видео)

Задоволство е кога сите гости беа среќни, радосни и задоволни

Петар Печков

За само стотина минути  се поделија 1.520 хуманитарни оброци, кои беа празнично  подготвени пред верскиот празник Св. Никола. 

Организатор на настанот беше како и претходните три години Гостилница Боем.  Хуманитарниот настан требаше да трае два часа од 12 до 14ч. но многу порано уште во 13,20 ч.  оброците беа распределени.  

„Задоволство е кога сите гости беа среќни, радосни и задоволни.  Со задоволство ги поделивме оброците, не` почести и Дедо Мраз со негово присуство,  поделивме и новогодишни пакетчиња. Се што беше донирано од други институции беше тука поделено. Освен на празници, имаме и сопствена народна кујна каде секојдневно 15 до 20 наши сограѓани од социјален ризик,  добиваат бесплатен оброк“ - кажа организаторот Трајче Мешков од гостилница Боем.   

Освен што се делеа бесплатни оброци, риба со ориз, грав или подварок, имаше и три штанда каде имаше наменски подготвена храна или украси.

Децата, нивните родители и воспитувачки од Детската градинка Димче Мирчев понудија новогодишни декорации, жените пензионерки подготвија домашно подготвени блага а учениците од гастромонската насока при средното училиште Коле Неделковски, подготвија  блага. Детската градинка подари 50 ќебенца за деца. 

Собраните средства се  наменски за  уредување на домот на  фамилија која има три деца со посебни потреби.    При поделбата на храната учествуваа волонтери од ОО на Црвен крст Велес.  

Имаше и место каде Дедо Мраз и тоа двајца, дела новогодишни подароци за децата, момент кој предизвика најмногу радости и насмевки. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »