речник контакт

Хуманоста на дело

Друштвото за грижа за здраво поколение ја одржа шестата по ред хуманитарна акција со продажба на прехранбени производи

Петар Печков

Друштвото за грижа за здраво поколение  ја одржа шестата по ред хуманитарна акција со продажба на прехранбени производи. Повеќе невладини и граѓански здруженија од Велес понудија стотина благи и солени работи, подготвени специјално за оваа пригода. Собраните средства беа наменети за  дваесет и едногодишната Ивана од Велес, на кои и се потребни за лекување.  Истовремено децата од велешките основни училишта учествуваа во трката по велешките улици ,,Да трчаме здраво е,,.

Им благодариме на сите присутни кои дојдоа и понудија од дома подготвени специјалитети, како и на тие што тоа го купија.  Преку рекреативна трка ги поттикнуваме децата да излезат од дома, да се дружат- изјави Иванка Андова, претседател на здружението за грижа за здраво поколение.

Најмногу производи имаше на штандот од жените пензионерки и  жените инвалидски пензионери.

Бабите се секогаш тука кога е потребно да помогнат. Ќе одделиме од нас, за некој на кој што му треба и ора го правиме со задоволство. Се знае дека благата на баба секогаш се најубави и најбарани, бидејќи со љубов ги подготвуваме кон нашите најсакани – велат велешките пензионерки. На нивната маса имаше торти, тегла со слатко кои се нудеа за симболични цени од само сто денари и бргу беа продадени.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »