Петар Печков
Објавено: четврток, 02 ноември 2023
Според информациите во Секторот за операции и координација (СОК) на Центарот за управување со кризи (ЦУК), како сега да е почеток на сезоната на пожари на отворено, иако сме во годишното време есен. Толку е голем бројот на пожари на отворено во земјава, наспроти почетокот на летото.
„Во октомври имало 614, а во септември 597 пожари на отворено, што е за скоро 200 пожари повеќе од август кога имало 395 пожари и кога вообичаено е пикот на пожарите на отворено. Во јули оваа година имало 186 пожари на отворено, а во јуни само 20 за цел месец, согласно податоците од Секторот за аналитика во ЦУК. Споредено со бројките од октомври – тоа е помалку и од бројот на пожарите во еден ден, конкретно во последниот ден од месец октомври -31 октомври, кога имало 21 регистриран пожар на отворено - службено регистрирани пожари што претставувале предмет на интервенција на пожарникарските тимови и пилотите во државата, а и ангажман и на други институции и служби од Системот за управување со кризи (СУК) во државата“- соопшти Стојанче Ангелов директор на ЦУК.
Во последниот ден од месец октомври имало 21 пожар на отворено а месец ноември е започнат со 10 пожари на отворено и покрај тоа што температурите, барем ноќе се ниски, има поголема присутност на утринска роса и има локални врнежи дожд.
Tweet |