речник контакт

Цветковски го доби уверението за градоначалник на општина Лозово

Врачени се уверенијата и на членовите на Советот

Петар Печков

Новиот градоначалник на Општина Лозово Бошко Цветковски  и новиот сосав на советници ги добија уверенијата за мандатот од следените четири години, од страна на претседателот на ОИК Ванчо Пешевски.

Цветковски  во првото официјално обраќање,  кажа дека ќе работи заеднички со граѓаните.

„Сега дојде моментот, кога Вие и Јас како градоначалник,  ја преземаме должноста и одговорноста за сите неотпочнати и незавршени работи и започнуваме да работиме заеднички и одговорно во градењето подобро утре за сите луѓе“ порача Цветковски.

Во Општина Лозово  за градоначалник гласале 79% од запишаните 1.984 гласачи. Победи    Бошко Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ  со освоени   49,94%  додека вториот кандидат Ацо Велковски од СДСМ  има освоено  47,45%.

Уверенијата им беа врачени и на девет членови од новиот Совет на Општина Лозово.

Од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ  членови на Советот се Стојан Пешевски,  Орданчо Вучковски, Елена Илиевска,  од СДСМ - Дејан Стоименовски, Александар Саздовска и Дејан Боризов, од ТМРО- Зоран Иванов, од ЛДП-ДОМ - Сузана Јовановска Илиева и носителот од независната листа  Владе Миланов.

Според зборовите на  новиот градоначалник на Лозово, Бошко Цветковски, не дошло до средба и физичко примопредавање на функцијата меѓу него и досегашниот градоначалник Ацо Велковски од коалицијата на СДСМ, бидејќи тој не дошол на свеченоста.

„Ми беше оставен само лист од него и тоа што ми остава од движен имот во канцеларијата на Општина Лозово. Тој не дојде да поразговара со мене и физички да ми ја предаде функцијата, како и да ме информира што се’ од започнати проекти ми остава“, рече  Цветковски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »