Петар Печков
Објавено: четврток, 19 октомври 2017
Цветни аранжмани, изработени од децата од СОС Детското село од Скопје се на продажба во Велес. Ова е хуманитарна акција, која се случува во цвеќарница ,, ФАБУ,,.
Нејзината сопственичка цветниот дизајнер Јагода Пачемска, во текот на вчерашниот ден, по барање на наставниците од СОС Детското село, помогнала да се изработат повеќе цветни аранжмани.
Истите од денес се пуштени во продажба. Собраните средства до нив се наменети за децата од селото.
Самите деца пројавија интерес за ваква активност, еден креативен час. Тоа беа десетина деца од 12 до 14 годишна возраст, меѓу нив и две машки. Тие цветните аранжмани ги работеа 3,5 часа и изработија 11. Јас им покажав, а тие сами ги изработија, јас сум искрено воодушевена како со голема љубов, ентузијазам работеа. Секој цветен аранжман е лично изработен од децата и е од природен материјал – рече Пачемска.
Сите цветни аранжмани се изработени од материјал кој е донација од Пачемска. Ова е не нејзина прва хуманитарна акција. Таа минатата година креираше цветни шешири, на коњичка ревија ,,Дона,, а средствата од продажбата биле донирани за Здружението ,,Дајте ни крилја,, на деца со посебни потреби.
Tweet |